Хрватскиот десен бек Никола Јукиќ од ова лето ќе има нов предизвик во кариерата и ќе се пресели во Саудиска Арабија.
Тој се врати таму од каде што дојде во Охрид – во составот на Ал Мудар. Во овој тим Јукиќ играше една полусезона пред да се реализира преминот покрај езерото.
Хрватот потекнува од составот на Каштела, мина пет сезони во Франција, каде играше за Понто Комбо и Шарт.
Потоа следуваше трансфер во бундеслигашот Минден, па краток престој во АЕК Атина, пред да ги комплетира сезоните 2023/24 и 2024/25 во Ал Мудар и Охрид.
View this post on Instagram