Од Охрид се пресели во „македонски“ клуб во Австрија

Левиот бек Рудолф Сафранко, кој во минатите две сезони беше член на тимот на Охрид ќе има нов предизвик во кариерата.

Хрватскиот интернационалец ќе се пресели во Австрија и ќе настапува за составот на Холабрун, кој се врати во елитната конкуренција.

Станува збор за „македонски“ тим во Австрија, каде тренер е Влатко Митков, а таму играат Филип Арсеновски и Хари Павлов.

По настапите во Словенија, Швајцарија и Македонија, Австрија ќе биде нова дестинација за Хрватот.