Еден од најталентираните голмани на светот, репрезентативецот на Хрватска, Доминик Кузмановиќ, од ова лето ќе започне интернационална кариера.
Довчерашниот голман на Нексе ќе се пресели во Бундес лигата и таму ќе го чува голот на амбициозниот Гумерзбах.
Бундеслигашот денеска и официјално го објави доаѓањето на младиот Хрват, кој со раководството на клубот се договори на четиригодишна соработка.
Кузмановиќ најголемиот успех со Нексе го постигна во сезона 2022/23 кога со клубот од Нашице стигна до Ф4 во Лигата на Европа.
21-годишниот голман е четвртото засилување за Гумерзбах по ангажирањето на Кентин Мае, Теитур Орн Ејнарсон и Бертрам Облинг.