Поранешната ракометарка Мери Арсениевска, која сега гради тренерска кариера, ќе има нов предизвик од ова лето.
Од редовите на Металург таа се сели во составот на Металург Автокоманда и ќе биде задолжена за работата во младинските категории во клубот.
За разлика од минатата сезона, кога тимот беше активен само кај младинките, во новата сезона ќе има и пионерска екипа.
Арсениевска имаше голем успех со пионерската екипа на Металург минатата сезона кога играше на завршниот турнир во првенството.