Црногорската интернационалка Есма Муратовиќ повеќе не е дел од редовите на шампионот Ѓорче Петров.
По само една сезона во скопскиот клуб, двете страни решија да продолжат по различни патишта.
Муратовиќ беше едно од најзвучните имиња што пристигнаа во тимот минатата сезона и веднаш се наметна како една од клучните фигури во освојувањето на шампионската титула.
29-годишната ракометарка кариерата ја продолжува во Азербејџан, каде ќе го носи дресот на амбициозниот клуб Кур.
Муратовиќ има богато интернационално искуство зад себе — настапуваше за клубови во Косово, Грција, Турција, Португалија, Израел и Италија.