Младинскиот репрезентативец на Македонија, Јован Даневски, ќе се пресели во амбициозниот тим на Тиквеш и во составот на Никола Матлиески ќе има можност да се надоградува и да стекне поголемо искуство.
Даневски настапува на позицијата десно крило и во Кавадарци ќе пристигне од екипата на Куманово, а Тиквеш ќе биде нов предизвик во кариерата.
Младиот ракометар имаше одлични настапи во минатата сезона, со добрата игра продолжи и во оваа сезона, а неговиот голем квалитет беше забележан од управата на кавадарчани.
Матлиески на позицијата десно крило ги има на располагање Евгениј Темелкоски и Орданчо Лазов, па така со доаѓањето на Јаневски ќе има поширок избор на споменатата позиција.
Тимот на Тиквеш веќе си го обезбеди билетот за плеј-оф фазата и во вториот дел од сезоната ќе се бори за едно од местата кои што носат пласман на европска сцена.