Еден од бразилските интернационалци што си заминаа од Куманово веќе најде нов ангажман за наредната сезона.
Кружниот напаѓач Жоао Виктор Соарес Флорес ќе има нов предизвик во кариерата и ќе игра за израелскиот Бер Шева.
Поранешниот младински репрезентативец на Бразил немаше многу простор за игра во Куманово и реши да побара нова средина.
Тој има 22 години, настапите во Куманово му беа првите на интернационална сцена, а претходно играше во татковината за Национал и Праја.