Двајцата млади ракометари, Матеј Петрески и Александар Симоновски, за пролетниот дел од сезоната ќе имаат нови клубови.
Тие заминаа од Тиквеш и се преселија во главниот град – првиот во клубот од Автокоманда, а вториот во Пролет.
Петрески потекнува од Неготино, настапуваше за младинскиот и првиот тим на кавадарчани, а сега ќе биде дел од „витамините“ од Автокоманда во прволигашката конкуренција.
Симоноски, кој играше за Аеродром, а претходно и за Голден Арт, по кратко време заминува од Тиквеш и ќе настапува за Пролет.
























