Вардар во вторник ги започнува натпреварите во групната фаза од Лига Европа, а првиот домашен меч е против хрватскиот тим Сесвете.
Од денеска во продажба се пуштени и билетите за овој натпревар, кои во зависност од местата на седење во салата чинат 200, 250 или 300 денари.
Продажбата ќе се врши онлајн ТУКА и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот.
Натпреварот е закажан за вторник, 14 октомври во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.