Од денеска во 13:00 часот ќе стартува продажбата на билети за најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.
Билетите, кои се по цени од 200 и 250 денари, може да се набават онлајн на сајтот kartieurofarm.mk или на продажните места низ Битола.
Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра в недела во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.
На првиот меѓусебен натпревар оваа сезона триумираа вардарци со 30-25 на мечот одигран во СЦ „Јане Сандански“.
Вардар има седум од седум во Супер лигата, додека Еурофарм Пелистер забележа шест триумфи.