Од денеска три македонски репрезентации ќе бидат на собир за ЕХФ неделата – сениорите, младинците и кадетите.
Селекторите Кирил Лазаров, Наум Танески и Горан Кузманоски ќе ги имаат прозивките со повиканите ракометари.
Сениорите ќе имаат еден тест на гостински терен против Австрија во Брегенц на 21 март од 18:00 часот.
Младинците и кадетите ќе одиграат две средби меѓусебе, на 20 и 21 март, како дел од подготовките за настап на Европските првенства во Романија и Србија на лето.
























