Левиот бек Даре Стевановиќ, кој оваa зима си замина од Еурофарм Пелистер, во продолжение од сезоната ќе игра во Турција.
Српскиот интернационалец потпиша за турскиот вицепрвак Сакарија, со кој се договори за соработка до крајот на сезоната.
Стевановиќ дојде минатата сезона во македонскиот шампион, но не остави посебен впечаток кај тренерите.
Покрај Стевановиќ, од Еурофарм Пелистер си заминаа и данските интернационалци Каспер Кисум и Андреас Нилсен, a дојде левото крило Дејан Манасков.