Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија имаше многу работа изминатите денови, особено кога се работи за натпреварите од машката пионерска лига.
Тимот на КЛ7 Свети Николе доби вкупна казна од 45.000 денари, три пати по 15.000 денари, бидејќи натпреварите против Пролет, Куманово и Македонија Ѓорче Петров од 11, 12 и 13 коло ги одигра без тренер на клупата.
Казна од 15.000 денари има и за Бутел Скопје, додека тимот на Младост Јуниори од Ресен доби казна од 30.000 денари.
Тренерот на Младост Јуниори, Сандре Темелковски, доби казна од РФМ, односно забрана да го води тимот на три натпревари според членот 107 од Дисциплинскиот Правилник на македонската куќа на ракометот.
„Играч или службени лица, или друг член на екипата кој ќе ги наговори другите играчи од какви било причини да го напуштат теренот за време на натпревар, или да пречат во нормалното одвивање на натпреварот, се забранува настап до 10 натпревари или со парична казна. Обидот на дисциплинскиот престап од став 1 на овој член е казнив“.