Некогашната ракометарка на Металург, Кристина Кики Лишчевиќ, ја заврши играчката кариера на 35 години.
Откако пред две години, средниот бек заврши со репрезентативните настапи, сега го одигра последниот натпревар во клупската кариера.
Таа оди во пензија како членка на романската Дунареа Браила, каде што комплетираше три сезони.
Лишчевиќ потекнува од Сомбор, а потоа играше и за Црвена Ѕвезда. Првиот трансфер во странство и беше во Автокоманда, во Металург каде што мина две сезони.
Со настапите во Металург го привлече вниманието на многу клубови и во 2012 се пресели во францускиот Мец. Можеби кариерата понатаму не и се одвиваше според очекувањата, но сепак остави силен впечаток.
Играше за унгарските Вац и Кишварда, руските Краснодар и Астраханочка, потоа данскиот Есбјерг, како и романската Валчеа.
За репрезентацијата на Србија настапи на 107 меча и даде 262 погодоци.