Традиционално, секоја година започнува со големо натпреварувње во машкиот репрезентативен ракомет.
Ако се погледнат домаќините на следните големи настани, јасно е дека најголем дел од континенталните првенства ќе се играат во Скандинавија и во Германија, а најмалку до 2033 година нема да има СП на друг континент освен во Европа.
Само следните две изданија на Олимписките игри во 2028 и во 2032 година ќе бидат на други континенти.
Четири држави – Данска, Норвешка, Шведска и Германија се домаќини на повеќе од половина шампионати, а тоа гледано од аспект на македонски навивач и не е баш добра вест, најмногу во поглед на високите цени.
ЕХФ и ИХФ треба да ги мотивираат на некој начин и другите земји да се пријавуваат за организација на големи натпреварувања и да се развива ракометот во повеќе држави. Од 2014 до 2032 година, дури 22 од 37 големи натпреварувања се одржаа или ќе се одржат во Скандинавија, Германија и Франција, а од 2023 до 2032 година, седум големи натпреварувања се играа/ќе се играат во Скандинавија.
Машката репрезентација на Македонија е редовен учесник на големите натпреварувања, играше на СП 2025, а ќе игра и на ЕП 2026. Дамите откако беа дел од ЕП 2024, не успеаја да стигнат до СП 2025, но се уште имаат шанса да се изборат за настап на ЕП 2026 година, кое за првпат ќе се игра во пет различни држави.
Распоред на големи натпреварувања, 2026-2032:
ЕП 2026, мажи: Данска/Норвешка/Шведска
ЕП 2026, младинци: Романија
ЕП 2026, кадети: Србија
СП 2026, младинки: ?
СП 2026, кадетки: ?
ЕП 2026, жени: Чешка/Полска/Романија/Словачка/Турција
СП 2027, мажи: Германија
ЕП 2027, младинки: Хрватска
ЕП 2027, кадетки: Црна Гора
СП 2027, младинци: ?
СП 2027, кадети: ?
СП 2027, жени: Унгарија
ЕП 2028, мажи: Шпанија/Португалија/Швајцарија
ОИ 2028, мажи/жени: САД
ЕП 2028, жени: Норвешка/Данска/Шведска
СП 2029, мажи: Франција/Германија
СП 2029, жени: Шпанија
ЕП 2030, мажи: Чешка/Полска/Данска
ЕП 2030, жени: Франција/Белгија
СП 2031, мажи: Данска/Исланд/Норвешка
СП 2031, жени: Чешка/Полска
ЕП 2032, мажи: Германија/Франција
ОИ 2032, мажи/жени: Австралија
ЕП 2032, жени: Германија/Данска/Полска

























