Денеска се играат првите натпревари од осминафиналето на Лигата на Европа, а посебно интересен за македонската јавност и за Вардар ќе биде мечот во Монпелје.
Од 20:45 часот францускиот тим ќе го пречека норвешкиот вицепрвак Елверум во битката за четвртфинале и двомеч со Вардар.
„Црвено-црните“ ќе можат да се уверат во квалитетите на двете екипи, а по мечот во Франција можеби ќе биде познато кој е поблизу до двомеч со Вардар.
Германските Фленсбург и Мелсунген гостуваат во Данска, кај Архус и Фредериција, и ќе бидат фаворите во овие дуели, додека Нексе Нашице ќе биде на испит кај шведскиот Кристијанштад.
Лига на Европа, осминафинале:
18:45 Кристијанштад – Нексе
18:45 Скандерборг Архус – Фленсбург
20:45 Фредериција – Мелсунген
20:45 Монпелје – Елверум
























