И без тренерот Рубен Гарабаја кој поднесе оставка, актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер ја наполни мрежата на гостите од Струга. Мечот се одигра во Битола, а „домаќините“ триумфираа со 42-22. На клупата на битолчани беше Ѕвонко Шундовски.
Стружани во 12. минута израмнија на 6-6,а потоа тргна „битолскиот воз„, кој постојани ја зголемуваше разликата. На полувреме беше 20-14, но затоа во вториот дел стружани дадоа само 8 гола, неможејќи да се спротистават на „раздрманиот тим“.
Петар Атанасијевиќ и Никола Митревски го завршија мечот со двоцифрен улинот. Атанасијевиќ даде 12 гола од 15 обиди, а Митревски одбрани 11 од 19 упатени топки кон неговиот гол. Филип Кузмановски имаше постигнато 7 гола
Кај струажни, пикерот Стефан Атанасовски одигра одлично, со 9 гола од 13 обиди, сите од линијата на 6 метри..

























