Очекува прво дете, па го откажа настапот на Олимписките игри

Селекторот на машката репрезентација на Германија, Алфред Гисласон, мораше да направи една измена во составот на националниот тим пред Олимписките игри во Париз.

Во Франција нема да настапи левиот бек на тимот на Хановер, Маријан Михалчик, кој го откажа настапот поради семејни причини.

Тој и неговата сопруга го очекуваат првото дете, па Михалчик реши дека во овие летни месеци подобро е да биде со семејството отколку со колегите од националниот тим.

Михалчик поради повреда го пропушти и настапот на Европското првенство што се играше во јануари во Германија.

Селекторот Гисласон веднаш повика замена за бекот на Хановер, па на репрезентацијата и се приклучи членот на Гепинген, Себастијан Хајман.