Светската ракометна федерација ги објави номинациите за најдобрите ракометари и ракометарки за 2024 година.
Во трката по вредните трофеи, кај дамите се двете норвешки репрезентативки – Кари Братсет Дале од унгарскиот Ѓер, Хени Реистад од данскиот Есбјерг и Французинката Естел Нзе Минко исто така од Ѓер.
Кај момците, номинирани се Шпанецот Алекс Душебаев од полскиот Келце, Германецот Андреас Вулф од Кил, како и Матијас Гидсел од германскиот Фуксе Берлин.
Гласањето ќе стартува утре на пладне, а ќе трае до 24 март, по што ИХФ ќе ги прогласи најдобрите.
Една третина од гласовите ќе бидат на публиката, втората третина ќе биде од селекторите на репрезентациите што играа на Олимписките игри во Париз, додека третата третина ќе ја сочинуваат гласовите на Комисијата на ИХФ.