Обина од Тиквеш вторпат МВП, Нигерија убедлива против Кенија

Десниот бек на Тиквеш, Аби Обина, кој настапува за репрезентацијата на Нигерија, продолжува со одличните настапи на Африканскиот шампионат.

Левиот бек со седум погодоци ја предводеше својата репрезентација до победа над Кенија од 32:23 (16:9).

Обина повторно ја доби МВП наградата и беше избран за играч на натпреварот, претходно членот на тимот од Кавадарци беше најдобар и против Ангола.

Нигерија во понатамошниот дел од Африканскиот шампионат ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место.