Новото трио „гладијатори“ спремни за битки во „охридската тврдина“

Ракометарите на Охрид според очекувањата лесно се справија со Прилеп на стартот на пролетниот дел од Супер лигата.

Охриѓани славеа со 28-17 и рутински запишаа бодови што им се значајни во битката за врвот на табелата во елитната конкуренција.

Пред охридската публика се појавија трите нови засилувања за тимот на Борис Ројевиќ – левиот бек Вуко Борозан, десното крило Ален Ќосевски и пивотот Џанфранко Прибетиќ.

Тренерот Ројевиќ одлично ја распореди минутажата кај своите избраниците, а сите нови ракометари постигнаа по два гола во мрежата на Прилеп.

Следен предизвик за Охрид и нова лесна задача ќе биде гостувањето кај Куманово на 10 февруари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)