Репрезентативецот на Тунис, Усама Хосни, добро познат на македонската ракометна јавност, повторно ќе настапува во шампионот Еурофарм Пелистер.
Десниот бек се враќа во Битола и ќе биде четвртото засилување во таборот на актуелниот првак.
Искусниот ракометар во сезоната 2022/23 го носеше зелениот дрес и беше меѓу најзаслужните што битолскиот тим по пауза од 18 години ја освои шампионската титула.
Во Лигата на Европа исто така имаше забележителни партии и настапот во второто по ранг европско натпреварување го заврши со 20 погодоци.
Откако си замина од Еурофарм Пелистер, Хосни се пресели во Азија и беше член на Ал Араби од Кувајт.
Еурофарм Пелистер за следната сезона ги ангажираше двајцата искусни голмани – Никола Митревки од Порто и Филип Ивиќ од Шамбери, како и хрватскиот пивот Кајо Цикатиќ.
Од клубот заминаа Марко Кизиќ, Калифа Гедбан, Урбан Лесјак, Марио Танкоски, Матеуш Пиеховски, Денис Василев и Руди Сери.