Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од претстојното Светско клупско првенство.
Меѓу номинираните судии е македонскиот двоец Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои добиваат уште едно признание за нивната работа, откако го судеа и полуфиналето на Олимписките игри.
Покрај Николов и Начевски, во Египет ќе судат и браќата Коњичанин од Босна и Херцеговина, Хансен и Мадсен од данска, браќата Гасми од Франција, Лемес и Соса од Урувај, Павичевиќ и Ражнатовиќ од Црна Гора, браќата Исмоилов од Узбекистан, како и сестрите Елсаиед од Египет.
Светското клупско првенство ќе се игра од 27 септември до 3 октомври, а ќе играат девет тима меѓу кои унгарскиот Веспрем, германскиот Магдебург и европскиот првак Барселона.