Новиот вардарец остана во трка за ЕП – Сигурдсон објави список на 22 ракометари

Селекторот на машката репрезентација на Хрватска, Дагур Сигурдсон, објави список за последната фаза од подготовките за ЕП во Данска, Шведска и Норвешка.

Сигурдсон смета на 22 ракометари, меѓу кои не е Марин Шипиќ, па од ХРС потенцираат дека оваа не е конечниот список за ЕП и може да претрпи измени.

Меѓу овие 22 ракометари, се шестмина кои играа на пресметката со Македонија – голманот Дино Славиќ, пивотите Јосип Шимиќ и Златко Раужан, како и триото бекови Ивано Павловиќ, Диано Нерис Ќешко и новиот вардарец Леон Љевар.

Сигурдсон смета и на повредените Лучин, Кларица и Срна, кои треба да бидат подготвени за настап на ЕП, а тука се Циндриќ, Мартиновиќ, Главаш, Јелиниќ, Шоштариќ, Мандиќ, Кузмановиќ…

Хрватска ја очекуваат уште две пријателски средби на 8 и 11 јануари против селекцијата на Германија во Загреб и Хановер.

Момците на Сигурдсон се во група со домаќинот Шведска, Грузија и Холандија.