Десниот бек Урош Митровиќ се збогуваше со францускиот тим Тулуз и го одигра последниот натпревар во тамошниот шампионат.
Раководството на Тулуз му се заблагодари за придонесот, а српскиот репрезентативец ќе се подготвува за новиот предизвик.
Тоа ќе бидат Вардар и Скопје, а 20-годишниот десен бек по настапите за Висла Плоцк, Брегенц и Тулуз ќе запише настапи и за македонскиот гигант.
Митровиќ заедно со Полјакот Марек Марцинијак ќе формира дуо на десната бековска позиција на која досега играа Томислав Јагуриновски и Ашраф Маргели.