Новиот вардарец Леон Љевар нема да настапи на Европското првенство со репрезентацијата на Хрватска. Причина за тоа е повредата поради која левиот бек ќе мора да паузира најмалку три недели. Хрватска се подготвува за дуел со Германија, а Љевар ќе мора на операција.
Тој заработи руптура на медијалниот менискус, што беше потврдено по извршената магнетна резонанца, а веќе во среда го очекува оперативен зафат. Според лекарските прогнози, неговото враќање на теренот се очекува по истекот на три недели.
Веста за повредата пристигна во незгоден момент, токму пред заминувањето на хрватската репрезентација на Европското првенство, по завршувањето на заедничкото фотографирање и прес-конференцијата во Прелог во близина на Вараждин.
Иако сѐ уште официјално не е промовиран, Леон Љевар има постигнат договор со Вардар и од наредниот период се очекува да биде дел од македонскиот ракометен гигант. Тој би требало да дојде во Скопје следната сезона.
Хрватска на ЕП ќе игра во група во Малме, заедно со репрезентациите на Шведска, Холандија и Грузија.


























