Новиот УО на РФМ со прв состанок – се бира генерален секретар, членови на четири комисии…

Новоформираниот Управен Одбор на Ракометната федерација на Македонија утре ќе го има првиот состанок во мандатот на новиот претседател Александар Стефанов.

Во дневниот ред најважна точка е изборот на генерален секретар на македонската куќа на ракометот, а ќе се бираат членови и на четири комисии.

Станува збор за Дисциплинската, Арбитражната, Регистрациската и Комисијата за лиценцирање во РФМ.

Меѓу точките на дневниот ред, се и претстојните настапи на машката и женската сениорска репрезентација во рамките на ЕХФ неделите.