Новито проект во словенечкиот ракомет, Слован Љубљана, кој ќе биде предводен од Урош Зорман, промовираше уште двајца нови ракометари.
Станува збор за кружниот напаѓач Стефан Жабиќ, кој доаѓа од Целје и хрватскиот десен бек Бруно Вили Зобец кој доаѓа од унгарскиот тим Чурго.
Претходно Слован ги промовираше средниот бек Јака Малус, кој последно играше за Гепинген, кружниот напаѓач Илија Брозовиќ од бундеслигашот Хановер, левото крило од Горење – Сташ Слатинек Јовичиќ и левиот бек Леон Лјевар.
Слован Љубљана се засили и со голманот Алјаж Пантјар, десниот бек Гашпер Храстник, левото крило Ади Мехмедјехајиќ и десното крило Николас Цорцинис.
Јасно е дека шампионот Горење Велење, Тримо Требње и Целје добиваат голем конкурент во битките за титулите во Словенија.