Новиот дрим-тим во машкиот клупски ракомет во Унгарија, ангажира уште еден квалитетен ракометар за следната сезона.
Откако сезонава во своите редови ги има Жолт Балог, Деан Бомбач, Милош Божовиќ…Ѓер го договори и Томислав Кушан.
Хрватскиот кружен напаѓач доаѓа од редовите на францускиот Лимож, каде ја одработува втората сезона.
Претходно беше дел од бундеслигашот Вецлар oткако замина од Еурофарм Пелистер, каде играше една и пол сезона.
Ѓер има амбиции да биде во трка за врвот со Веспрем, ПИК Сегед, Татабања…а покрај Кушан има шпекулаци дека го посакува и левиот бек Рихард Бодо.