Новиот член на Охрид прогласен за најдобар пивот во Грција!

Новиот ракометар на Охрид, грчкиот интернационалец Николаос Лиапис, во новата сезона ќе влезе со големо признание.

Тој е избран за најдобар кружен напаѓач во грчкиот шампионат, каде неговиот поранешен тим Олимпијакос ја освои титулата.

Ова е уште еден доказ дека охриѓани направиле вистински избор, кога е во прашање засилувањето на пивотменската позиција.

Тој би требало да дебитира за Охрид на Струшкиот турнир, а охридската публика ќе има можност да ги види неговите квалитети на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ од 19 до 23 август.