Продолжуваат големите проблеми за репрезентацијата на Словенија пред двомечот со Македонија од квалификациите за ЕП 2026.
Селекторот Урош Зорман е болен, пишува „Дело“, го пропушти вчерашниот собир и тренинг. Ист ќе биде случај и во текот на денешниот ден, па тренингот ќе го води неговиот асистент, Мирко Скоко. Словенците пишуваат дека неизвесно е дали Зорман ќе биде на пат кон Македонија во текот на утрешниот ден.
Во македонската метропола словенечката експедиција ќе ја пречекаат двајцата членови на Барселона, Блаж Јанц и Домен Макуц, кои имаа меч во Асобал доцна синоќа и од Шпанија директно ќе дојдат во Скопје.
Тоа значи дека Словенците ќе имаат единствено еден тренинг во комплетен состав пред мечот во среда.
Откако не може да смета на дури 11 играчи што беа дел од СП 2025 поради разни причини – Доленец, Мачковшек, Цехте, Овничек, Ферлин, Новак, Хенигман, Кљун, Зарабец, Кавчиќ и Mитја Јанц, мораше да смести на списокот неколку нови имиња.
Мечот меѓу Македонија и Словенија се игра на 12 март во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, додека втората меѓусебна средба е на 16 март во Копер.