Новеска избра 20 кадетки – еве кои ќе играат на СП во училишен ракомет

Селекторката на женската кадетска репрезентација на Македонија, Даниела Новеска Вељаноска, го објави списокот на ракометарки за Светското првенство во училишен ракомет.

Новеска ќе смета на 20 ракометарки за оваа акција, а главно тоа се оние што настапија на кадетското ЕП во Црна Гора минатото лето.

СП во училишен ракомет ќе се игра во Скопје од 20 до 29 април, а собирот на ракометарките ќе биде на 6 април од 09:30 часот во салата „Антон Димитров“.

Дополнително ќе бидат познати ривалите на нашите ракометарки на претстојното СП во училишен ракомет.