Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во Лигата на Европа.
Македонските арбитри Методија и Михајло Илиевски ќе патуваат за романскиот град Баја Маре.
Таму ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Баја Маре и унгарскиот тим Мошонмаѓаровар. Ова се две екипи што во првата рунда запишаа победи.
Натпреварот на кој делегат е Бугаринот Башев е закажан за 17 јануари со почеток во 18:00 часот.























