На официјалниот сајт на Олимписките игри 2024 во Париз, се појавија во продажба нови билети на ракометните турнири кај мажите и кај жените.
За натпреварите од групната фаза што ќе се играат во Париз, цените се движат од 90 до 145 евра.
Еден билет вклучува два натпревари во текот на денот. Тие се на програмата од 09:00 и 11:00, потоа од 14:00 и 16:00 часот, односно 19:00 и 21:00 часот.
По крајот на групната фаза, ракометарите и ракометарките се селат во Лил, каде ќе се играат натпреварите од четвртфиналето, полуфиналето и финалето. Тука се продаваат само поединички билети, чија цена почнува од 45 евра.
Ракометниот турнир стартува со натпреварите кај жените на 25 јули, додека мажите ќе стартуваат на 27 јули. Женското финале е на 10 август, додека машкото е на 11 август.
Билети за ОИ можете да купите ТУКА.