По примерот на регионалната СЕХА лига, која успешно функционира(ше) на просторот на поранешна Југославија низ Европа се родија многу такви конкуренции.
Најпрво БЕНЕ лигата и Балтичката лига во машка конкуренција, потоа ВРХЛ и МОЛ лигата кај дамите, а од оваа сезона се игра Балтичка лига и во женска конкуренција.
Во првата сезона од оваа лига ќе настапуваат девет клуб од четири држави – Финска, Летонија, Литванија и Естонија.
Најбројни се тимовите од Литванија – Каунас Жалгирис, Егле Вилнус, Таурас Состинес и Каскада Гарлиава, има по два од Финска – ГРИФК и Дикен, и од Летонија – Добеле и Латголс, како и еден тим од Естонија – Мистра.