Нова победа за Стојановиќ и Тримо

Екипата на Тримо Требње, која е предводена од селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, оствари нова победа во словенечкиот шампионат.

Тримо Требње во натпревар од 6. коло за ривал го имаше незгодниот Ормож и на крај успеа да се израдува на триумф од 26:25.

За тимот на Стојановиќ ова беа два важни бода во битката за првите три позиции на табелата.

Моментално Тримо се наоѓа на 4. позиција со осум бода, бод повеќе има Градец, на второто место е Целје со девет, додека лидерската позиција ја држи амбициозниот Слован со 10 бода.

Следен предизвик за Стојановиќ и неговите избраници ќе биде натпреварот против Рибница.