Македонија ја запиша првата победа на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, откако славеше против Гвинеја со 29-20.
Најдобар стрелец во нашата репрезентација беше капитенот Филип Кузмановски, кој вторпат беше прогласен за МВП.
Тој можеби помина повеќе време на теренот од планираното, но како и да е, постигна десет гола во мрежата на противникот.
Македонија оди во главната рунда, најверојатно од третото место и ќе игра против Австрија, Катар и Франција во Вараждин.