Данецот Мортен Субак е новиот селектор на женската репрезентација на Јапонија, објави Јапонската ракометна федерација.
Со богато меѓународно искуство стекнато во Европа, Јужна Америка, Африка и Азија, Субак пристигнува со амбициозна визија – пласман на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 и пласман најмалку во четвртфинале.
„Горд сум што ќе водам тим со толкав потенцијал. Целта ни е да создаваме тим што ќе се натпреварува со најдобрите во светот“, изјави Субак.
Субак е познат како стратегот што го донесе најголемиот успех во историјата на женскиот бразилски ракомет – светската титула во 2013 година. Во својата кариера ги водеше и репрезентациите на Ангола и Саудиска Арабија (како помошник), како и клубови во Данска, Австрија и Романија.
Ова ќе биде вторпат јапонската репрезентација да се води од дански селектор, по ангажманот на Улрик Киркели (2017–2021).
По години во сенка, Јапонија конечно ја освои титулата на Азија во декември 2024 година, победувајќи ја Јужна Кореја во финалето со 25:24 – прва азиска титула од 2004 година.
Субак ќе дебитира како селектор на Светското првенство 2025 во Холандија, каде што Јапонија е во група со Данска, Хрватска и Романија.