Нова драма во финалето во Израел, Чаневски и Макаби Ришон пак играа продолженија!

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани македонскиот голман Градимир Чаневски, губи во финалната серија од Рамат Хашарон со 2-1.

Како и на претходниот натпревар, така и сега имаше голема драма и продолженија, но изостанаа пеналите. Сепак Рамат Хашарон славеше со 41-37.

Регуларниот дел на мечот заврши 34-34, а иако домашниот тим водеше на паузата со 19-16, гостите предводени од Чаневски се вратија во егал, но на крајот попуштија во продолженијата.

Македонскиот чувар на мрежата го заврши натпреварот со 12 интервенции, а следниот натпревар е на теренот на Макаби Ришон Ле Зион на 11 мај.