По половина одиграни натпревари од второто коло на Светското првенство за младинци, познати се дел од патниците во главната рунда.
Данска и Франција со по две победи одат понатаму, додека Романија од групата во која игра и Македонија, исто така се пласираше во ТОП 16.
Шпанија и Египет обезбедија место во главната рунда, откако ги победија Бахреин, односно Саудиска Арабија, а нив им се придружи и Германија.
Актуелниот светски првак ги остави Швајцарија и Србија во меѓусебен дуел да решат кој ќе оди понатаму.
Германците доминираа против Швајцарија, додека Србите предводени од новиот вардарец Урош Митровиќ со седум гола запишаа прв триумф на СП против Тунис.
СП младинци Полска, резултати, 2 коло:
група Е
Мексико – Данска 20-48
Франција – Мароко 35-28
група Г
Тунис – Србија 33-38
Швајцарија – Германија 33-43
група Ф
Фарски Острови – Исланд 35-35
Македонија – Романија 27-28
група Х
Саудиска Арабија – Шпанија 27-35
Египет – Бахреин 28-19