Екипата на Војводина за продолжението од сезоната донесе уште еден српски репрезентативец во своите редови.
По Петар Ѓорѓиќ, во клубот од Нови Сад пристигна десниот бек Јовица Николиќ, кој поради повреда го пропушти Европското првенство 2024.
Николиќ e дете на Војводина и во летото 2022 година од српскиот шампион направи трансфер во бундеслигашот Вецлар.
Во април минатата година заработи тешка повреда, потоа следуваше операција на менискус, а рехабилитацијата траеше околу десет месеци.
Леворакиот бомбардер сега е целосно фит по успешната рехабилитација и се очекува да биде еден од факторите во тимот предводен од Борис Ројевиќ.
Војводина по повредата на Милан Милиќ од средината на месец ноември на позицијата десен бек го имаше на располагање само Милан Голубовиќ.