Кружниот напаѓач Гедеон Гвардиола, кој пред две недели заработи повреда на мускулот, нема да настапи на Олимписките игри во Париз.
Тој ја пропушти втората фаза од подготовките на шпанската репрезентација и не играше на пријателските средби со Аргентина и Норвешка, бидејќи не успеа да се рехабилитра навреме.
Ова е уште еден голем удар за селекторот Жорди Рибера, кој нема да може да смета ниту на искустниот Жоан Кањелас.
39-годишниот Гвардиола оваа сезона се врати во татковината и сега настапува за Нава, откако претходно долго време ги бранеше боите на Рајн Некар Левен и Лемго.
Рибера нема да повикува нов играч, бидејќи на листата на резерви го има Адриа Фигуерас, но на скратениот состав од 14 играчи на пивотменската позиција се Абел Сердио и Хави Родригез.