Селекторот на машката репрезентација на Австрија, Алеш Пајовиќ, остана без уште еден од главните адути за СП 2025.
По Никола Билик, надвор од комбинација за настап отпадна и десниот бек Јанко Божовиќ, па така Пaјовиќ нема да ги има на располагање двата ударни бекови.
Божовиќ заработил повреда на вчерашниот тренинг, но нема повеќе информации за паузата и дали има шанси да настапи во втората фаза.
Австрија е во група со Катар, Кувајт и Франција, а останува можен ривал на Македонија во главната рунда во Вараждин.