Германскиот шампион Кил игра под очекувањата на почетокот на оваа сезона во Бундес лигата.
Иако во Лигата на шампионите реди само победи, во домашното првенство момците на Филип Јиха загубија четврти пат, овојпат од Лајпциг со 35-34.
Најдобар стрелец во Лајпциг беше Виго Кристијансон со девет погодоци, додека по осум гола за Кил постигнаа Никола Билик и Елијас Елефсен а Скипаготу.
Шампионот од минатата сезона на осум натпревари од стартот на сезоната веќе загуби четири пати и има само осум бодови.
Лидерот Фуксе Берлин, кој има одиграно натпревар повеќе, има девет од девет и 18 бодови на првото место на табелата.