Нов шок за Франција – и Вијмино ќе го пропушти Мундијалот!

По Елохим Пранди, селекторот на репрезентацијата на Франција, Гијом Жил, доби нова лоша вест.

Средниот бек на Монпелје, Килијан Вијмино, ќе го пропушти настапот на Светското првенство 2025 поради повреда.

Како што соопштија од Монпелје, искусниот ракометар имал повреда на ахиловата тетива и неопходна била операција.

Дополнителните лекарски прегледи ќе покажат прецизно, кога Вијмино би можел да се врати на теренот.

Франција е една од репрезентациите што може да биде ривал на Македонија во главната рунда на Мундијалот, ако нашата селекција обезбеди пласман таму.