Нов проблем за Црна Гора – отпадна уште еден ракометар за ЕП!

Селекцијата на Црна Гора го имаше првиот собир пред стартот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Селекторот Дидие Динар сметаше на 21 ракометар, но по Небојша Симиќ и Никола Матовиќ, отпадна уште еден од конкуренција.

Станува збор за левото крило на Нексе Нашице, Александар Бакиќ, кој не може да настапи на континенталниот собир поради болест.

Црна Гора ќе игра во група со Словенија, Фарски Острови и Швајцарија, а пред стартот на ЕП ќе тестира два пати против Босна и Херцеговина.

Вуко Борозан ќе игра на ЕП!