Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на Европа.
Европската куќа на ракометот му укажа доверба на македонскиот двоец Даниело Божиновски и Виктор Начевски.
Тие ќе го судат реванш дуелот од осминафиналето во ЛЕ меѓу францускиот Лимож и швајцарскиот Криенс Луцерн.
Тој натпревар е закажан за 1 април од 18:45 часот во „Палата на спортовите Бобланк“ во Лимож.
Победникот од овој двомеч во четвртфиналето од второто по ранг европско клупско натпреварување ќе игра против Кил.