Најдобрите македонски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе бидат дел од Светското првенство 2025 година во Данска, Норвешка и Хрватска.
Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за Мундијалот, а меѓу нив се најде и македонската двојка.
Николов и Начевски зад себе имаат одработено многу големи натпреварувања – ЕП, СП и ОИ, а судеа на финалиња на сите.
Номинацијата на СП 2025 е уште еден доказ за нивниот квалитет, а покрај Николов и Начевски, на Мундијалот ќе судат уште 23 двојки од целиот свет.
Освен Николов и Начевски, Македонија ќе биде претставена од ракометарите кои ќе играат во групата во Вараждин со селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја.