Норвежанките се нови светски кралици – освоија петто мундијалско злато!

Женската репрезентација на Норвешка ги обедини олимписката, европската и светската титула, откако во финалето на Мундијалот во Германија и Холандија, ги совлада Германките со 23-20.

Норвежанките како ниеднаш досега на ова СП наидоа на голем отпор од Германија, која во првиот дел одлично ја запре најдобрата Норвежанка, Реистад.

Откако на паузата беше нерешено, 11-11, клучниот период се случи кога остануваа да се играат уште десетина минути. Филтер и одбрани пенал на Мерк, но нејзините колешки при 20-19 пропуштија шанса за реми, Германија беше казнета и Норвешка отиде на плус три.

Лунде одбрани кога требаше, а Реистад иако постигна премногу голови, имаше асистенции кон нејзините колешки и на крајот скандинавската селекција се радуваше на злато петти пат на СП.

Најдобри кај Норвешка беа Реистад и Тале Деила со по пет гола, додека по четири реализации кај Германија имаа Гријселс, Лохтер и Вогел.

Третото место и бронзата ја освои селекцијата на Франција, која по продолженијата беше подобра од Холандија со 33-31.