Денеска се одиграа два пријателски натпревари, еден во машка, а еден во женска конкуренција на репрезентациите што ќе играат на Олимписките игри во Париз.
„Фуријата“ иако настапи без Де Варгас, Алекс Душебаев, Гомез…без проблеми ја совлада селекцијата на Аргентина со 33-26.
Женската репрезентација на Норвешка покажа моќ и дека главен фаворит за злато откако ја победи Франција со 34-22.
Најдобри стрелци кај Норвежанките беа Реистад со девет, како и Солберг и Бристол со по пет гола, додека искусната Лунде имаше 13 одбрани. Во составот на Франција, се истакна Хорачек со седум погодоци.